Солскјер најави четворица стартери за утрешниот натпревар против Астана

Манчестер Јунајтед како никогаш досега на натпреварот против Астана ќе истрча со видно изменет состав од вообичаеното.

Оле Гунар Солскјер во Казахстан патуваше со голем број млади фудбалери и само неколку искусни фудбалери кои почесто се во првиот тим на „ѓаволите“.

Тренерот на Манчестер Јунајтед потврди четворица стартери за утрешниот натпревар од кои еден е искусниот Ли Грант, а другите се младинците од академијата на клубот.

„Ќе игра Ли Грант, ќе ги видите и Итан Лерд, Дишон Бернард и Дилан Левит од почетокот на натпреварот. Дефинитивно ќе има неколку нвои имиња“ –изјави Солскјер.

Се очекува од првата минута шанса да добијат и Лук Шо, Џеси Лингард и Џејмс Гарнер.