Големата на надеж на Реал Мадрид постигна гол од 40 метри!

Феноменален гол постигна синоќа младиот Парагваец Серхио Диаз за Реал Кастиља.

Вториот тим на Кралскиот клуб во третото коло од Секунда Б како домаќин на стадионот „Алфредо ди Стефано“ го совлада Аморебиета, а најубавиот момент од мечот се случи во 75 минута кога Диаз постигна голчиште од речиси пола терен.

Елегентно, мајсторски, уживајте…

За тие кои можеби не знаат, Реал талентираниот 18-годишен напаѓач го доведе во оваа годиан од Серо Портено, и тој е втор Парагваец во историјата на „Лос Бланкоси“ со Хавиер Акуња, нашаѓач кој моментално настапува за Нумансија и кој не забележа ниту еден настап за првиот тим на Реал.