Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Управата на Арсенал денес реши да ја прекине соработката со Унаи Емери.
Лондонскиот клуб објави дека по разговорот со Емери и неговите помошници донесена е одлука околу прекинување на соработката.
Сопственикот на Арсенал пред тимот изјави: „Најискрено благодарам до Унаи и неговите колеги кои беа неуморливи во напорите кои ги вложија за клубот да се врати на нивото на кое сите очекуваме и посакуваме. Нему и на неговиот тим им посакуваме во идина многу успеси. Одлуката е донесена поради тоа што резултатите и игрите на тимот во последно време не беа на очекуваното ниво“.
Фреди Љумберг, поранешниот играч на Арсенал ќе добие прилика да го предводи тимот во наредниот период додека клубот не пронајде нов тренер.
Сепак, Емери дојде како наследник на Арсен Венгер, но не ги постигна очекуваните резултати, а во оваа сезона полека се губи шансата за Арсенал да заврши на четвртото место и да се пласира во Лигата на Шампионите.
Последниот натпревар на Емери на клупата на Арсенал заврши неславно, бидејќи Топџиите синоќа на Емиратите беа поразени од страна на Ајнтрахт со резултат од 2:1 на натпреварот од Европа Лигата.