Пике раскажа комична ситуација: Како го налутил Фергусон?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике помина добар дел од младинската кариера во Манчестер јунајтед. Шпанецот како 17-годишно момче стигна од Барселона на „Олд Трафорд“, но во текот на четирите години не играше премногу за првиот тим.

Пике уживаше во ноќниот живот кој му го понуди Манчестер.

„Имав темна епизода во Манчестер. Повеќе пати завршив во полициска станица. Подобро да не зборувам за тоа. Изнајмив стан од Сер Алекс, а потоа купив зајак. Го уништи станот, го гризаше целиот мебел. Кога го напуштив станот, ми кажа дека бил целосно бесен“, кажа Пике.

Пике во 2008 година се пресели во Барселона и направи вистински потег. Членот на каталонскиот гигант ги освои сите можни трофеи со клубот.