Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ПСЖ ќе доживее големи промени следното лето, а причина за тоа е Килијан Мбапе, кој не одговори на понудата за нов договор, па на лето е последната шанса, а доколку не ја продолжи соработката, парижаните ќе мора да го продадат.
Сега е јасно дека Французинот бара поголем договор од Нејмар, а со бонуси би го преминал и Лионел Меси.
Проблемот е тоа што за Нејмар немаат купувач, Барселона не се откажа, но сигурно нема да плати 222 милиони евра.
Леонардо е сигурен дека ќе остане Мбапе, иако се чести најавите дека Реал Мадрид е чекор поблиску до неговиот потпис.
Во секој случај, како минува времето, сите во приказната освен Мбапе ќе бидат нервозни, зашто тој може да бира каде ќе игра.