Михајловиќ ја доби првата награда за храброст во Италија (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е прв добитник на наградата за храброст во Италија, која е во организација на една фондација и еден магазин од Торино.

Српскиот стратег неколку месеци се бори со леукемијата, а од фондацијата соопштија дека тој е пример за сите останати како треба да се однесуваат и дека не треба лесно да се откажат од борбата.

Михајловиќ на 13 јули откри дека боледува од леукемија, а во меѓувреме помина неколку фази на лекување, меѓу кои и трансплантација на коскена срж.

Србинот пред неколку дена се појави пред италијанските медиуми и кажа дека лекувањето оди во добар правец и наскоро би можел да ја победи болеста.