Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Престижниот англиски медиум „Тајмс“ пренесува дека во Манчестер Јунајтед во моментов може да се издвојат само двајца играчи кои поседуваат лидерски способности.
Едниот од нив е најновото засилување, Хари Мегваер кој веќе неколку пати ја носеше капитенската лента на клубот, во отсуство на Ешли Јанг.
Второто име изненади многумина. Станува збор за младиот Аксел Туанзебе кој минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила, а оваа година има само пет настапи од првата минута во дресот на Манчестер Јунајтед.
Според „Тајмс“ неколку пати одржал говори во сопбелкувалната на Манчестер Јунајтед и не се плашел да го повиши тонот пред своите повозрасни колеги.