Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид со 2-0 го победи Еспањол, а стрелци за домаќините беа Рафаел Варан и Карим Бензема.
Герет Бејл не беше дел од екипата за мечот, но повторно ги налути навивачите на „кралскиот тим“.
Бејл реши да го напушти стадионот кога Бензема го постигна вториот гол за Реал, а тоа беше на 12 минути пред крајот доколку се смета и судиското надополнување.
Ова не е првпат да направи нешто слично репрезентативецот на Велс, а такво нешто му се случи и против Леганес.
Истото однесување го повтори и против Бетис на втори ноември, средба која заврши без голови, а тогаш стадионот порано го напушти и Хамес Родригез.