Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн групната фаза на Лигата на Шампионите ја заврши со максимално постигнување. Баварците во последното коло со 3:1 го победија Тотенхем.
Голгетерскиот пост на овој натпревар го прекина Кингсли Коман во 14. минута, но десет минути подоцна мораше да го напушти теренот поради, судејќи според се, тешка повреда.
Францускиот фудбалер истовремено го повредил коленото и зглобот кога ја примил топката. Незгодно се движеше по теренот, му се измести зглобот а предизвика и хиперекстензија на коленото.
Коман не беше во состојба да го продолжи натпреварот, а теренот го напушти со помош на лекар.
Кога виде што се случи на неговиот сонародник, Корентин Толисо кој беше на трибините веднаш го напушти своето место и се упати кон соблекувалната.
После првиот преглед Баерн соопшти дека Коман ја повредил капсулата на левото колено и тетивата. Прогноза за можната пауза за сега нема.
That’s the worst injury I’ve seen all year
— Uncle Sharma (@RSharmzz) 11 December 2019
Hope it’s nothing serious for Kingsley Coman ??pic.twitter.com/9SY9pHtiNq