Млад кошаркар од радост му удри бокс во глава на судијата (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дуелот меѓу Универзитетите во Илионоис и Мичиген (71-62) го одбележа една непријатна сцена, откако Кофи Кокбрн играше добар натпревар, а по една акција од радост успеа да го нокаутира и судијата.

Младиот кошаркар се израдува откако постигна важен кош, но потоа не можеше да се контролира и замавна со раката, која го погоди судијата по глава.

Судијата по ударот падна на паркетот, но по неколку минути стана и го продолжи дуелот. Сепак, не издржа многу, па мораше да замине на преглед.