Милан го нуди Чаланоглу во замена за ѕвезда на Рома


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рома ќе се обиде во јануари да го ангажира Хакан Чаланоглу од Милан. Наводно, „росонерите“ се подготвени да го понудат турскиот фудбалер во замена за Џенгиз Ундер или Диего Пероти.

„Кориере дело Спорт“ пишуа дека спортските директори на клубовите Рики Масара и Џанлука Петрачи веќе се обиделе да го договорат трансферот, кој најверојатно во јануари ќе се реализира.

Сепак, Чаланоглу не планира да замине од Милан и неодамна побарал продолжување на договорот.

Чаланоглу пристигна во Милан во 2017 година како големо засилување од Баер Леверкузен, но никогаш не ги оправда 23 вложени милиони во него. Оваа сезона запиша 14 натпревари во Серија А, а притоа постигна два гола и една асистенција.