Нејмар со уште еден коментар најави заминување од ПСЖ: Секој има право да си замине ако не е среќен…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер, Нејмар во интервју за „Франс Фудбал“ откри зошто сакал да го напушти тимо тна ПСЖ.

Играчот кој во 2017 година за сума од 222 милиони евра стигна од Барселона во ПСЖ, ова лето посака да си оди од Париз и да се врати во својот поранешен клуб.

Трансфер не се реализира, а Нејмар беше мета на напади на француските навивачи. Сега даде изјава која сигурно повторно ќе ги разочара навивачите на ПСЖ.

„Никогаш не сум сакал да повредам некого, но сметам дека секој има право да си замине ако не е среќен таму каде што се наоѓа. Денес сум парижанин, давам 100 проценти. Секој пат кога ќе излезам на терен давам се од себе за ПСЖ да дојде до триумф“ –изјави Нејмар.