Ердоган лично се ангажира: Шејн Ларкин ќе игра во државниот тим на Турција?

Претседателот на Турција Таип Ердоган посакува турската репрезентација да ја предводи Американецот Шејн Ларкин, бекот на Анадолу кој има фантастична сезона со просек од 22 поени.

Ларкин и во претходните месеци се спомнуваше за нов член на турската репрезентација, а таа вест стигнала и до претседателот Ердоган, кој најавил дека ќе направи се тоа и да се случи.

“Ќе направиме се што е потребно. Би сакале да видиме таков играч во нашата репрезентација. Ларкин може да го однесе нашиот државен тим до добри резултати”, изјавил Ердоган.

Претходно дресот на турската репрезентација го носеа Скоти Вилбекин и Боби Диксон.