Пиоли мисли на јануари: Милан си договори засилување од Барселона


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Милан си го договорил првото зимско засилување, па според италијанските медиуми, на „Сан Сиро“ ќе пристигне Жан-Клер Тодибо.

Станува збор за Французинот, кој во Барселона пристигна во јануари годинава, но бидејќи не играше премногу, не е ни чудо што на крајот се согласи да ги засили редовите на „росонерите“.

На Апенините тврдат дека Милан се договорил со фудбалерот, па остануваат уште преговорите меѓу клубовите за отштетата.

„Преговорите веќе почнаа. Цената на трансферот би требало да изнесува меѓу 20 и 25 милиони евра, но не е исклучена ниту можноста Тодибо да дојде на позајмица“, порачаа Италијанците.

За Тодибо во претходните недели интерес покажаа неколку клубови, меѓу кои е и Баер Леверкузен.