Фламенго со пресврт стигна до финалето на Светското клупско првенство


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Фламенго ќе играат во финалето на Светското клупско првенство кое се игра во Доха, Катар.

Бразилскиот клуб со пресврт славеше против Ал Хилал со резултат од 3:1. Тимот од Саудиска Арабија изненадувачки стигна до водство во првото полувреме преку Ал Давсари, но јужноамериканците се созедоа и ги донесоа работите на свое место.

Де Араскета израмни во судиското продолжение од првиот дел, додека целосен пресврт донесе Енрике во 78. минута. Конечниот резултат го постави Албулајхија кој си постигна автогол.

Фламенго во финалето ќе игра со подобриот од утрешната пресметка помеѓу Ливерпул и Монтереј.