Ливерпул со гол во судиското продолжение го совлада храбриот Монтереј (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Ливерпул со неочекувани маки го совлада мексиканскиот претставник Монтереј во полуфиналето од Светското клупско првенство.

„Црвените“ успеаја да слават против шампионот на КОНКАКАФ со 2:1, а мексиканците беа рамноправни во текот на целиот натревар.

Во 12. минута Наби Кеита го отвори резултатот, а само две минути подоцна Рожерио Фуњес Мори го изедначи резултатот.

Спортската трагедија за Монтереј се случи во 91. минута кога Роберто Фирмино на одличен начин ја искористи асистенцијата на Трент Александер Арнолд и ја смести топата зад грбот на голманот на Монтереј.