Арсенал денеска добива нов тренер: Артета го чека пеколен распоред на натпревари

Арсенал се очекува денеска да го постави Микел Артета за нов тренер. Поранешниот фудбалер на „топчиите“ утрешниот меч против Евертон на „Гудисон парк“ ќе го гледа во друштво со директорите, а од понеделник ќе го води тимот за првпат.

Тоа значи дека Артета ќе дебитира во четврток на „Боксинг деј“ во гости кај Бормут и ќе има тежок распоред во следните две недели.

Артета ќе добие пет милиони евра годишно со бонуси и договор до 2023 година, а во Сити не се среќни затоа што Арсенал во претходните недели почна преговори со помошникот на Пеп Гвардиола.

Освен споменатото гостување кај Бормут, три дена подоцна игра против Челси во Премиерлигата, а на први јануари против Манчестер јунајтед. Само пет дена подоцна ќе се пресемата со Лидс во ФА-купот.

Тоа ќе биде пеколен распоред за Артета, чие доаѓање не го прифаќаат сите фудбалери и некои наводно се подготвени да заминат, зашто сметаат дека клубот не е сериозен.