Раиола нагласи дека Погба ќе остане на „Олд Трафорд“ но најде низа замерки во работењето на Манчестер Јунајтед

Мино Раиола потврди дека Пол Погба ќе остане во редовите на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што има сериозен интерес од Реал Мадрид.

Контроверзниот агент потоа се осврна и на состојбите во Манчестер Јунајтед кои како што кажа тој повеќе наликуваат на клуб од САД отколку на Европски клуб.

„Вистината е дека Манчестер Јунајтед има повеќе американски менталитет отколку европски. Мислам дека понекогаш клубот е повеќе загрижен за економскиот дел отколку за спортските делови. Плус, во денешно време ви треба специјалист затоа што тренерот нема време да ги менаџира скаутите и другите задачи, а јас мислам дека тоа фали во Манчестер Јунајтед. На клубот му треба специјалист, спортски директор, некој кој ќе биде помеѓу тимот, тренерот и сопствениците, некој кој може да ги спојува страните“ –заклучи Мино Раиола, и со оваа изјава многу од фановите на Јунајтед ќе се сложат со него.