Официјално: Анчелоти нов тренер на Евертон (ВИДЕО)

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти пристигна во Англија, каде што беше поставен за нов тренер на Евертон.

Анчелоти ги договори сите услови од договорот на четири ипол години со Евертон, а денеска официјално стави потпис на истиот.

Искусниот тренер претходно работеше во Наполи, каде што неодамна доби отказ, а претходно водеше неколку гиганти, меѓу кои ПСЖ, Милан, Челси, Јувентус…

Овој 60-годишен стратег се враќа во Англија по речиси девет години, откако во Премиерлигата претходно го водеше Челси од 2009 до 2011 годин и притоа ја освои титулата во лигата, трофејот во ФА-купот, како и во Комјунити Шилд.