Дончиќ го потврди договорот со спонзорот - ќе добие 100 милиони долари! (ФОТО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ потврди на својот Инстаграм дека во иднина ќе нос опрема од „Ер Џордан“.

Ѕвездата на Далас маверикс објави фотографија од споменатиот спонзор и така потврди дека ќе ги носи нивните патики во иднина, а за договорот ќе добие 100 милиони долари.

Навистина голема борба имаше за потписот на Дончиќ од страна на произведувачите на спортска опрема. Меѓутоа, „Ер Џордан“ на крајот успеа да победи и во следните години ќе го гледаме Словенецот во патиките на тој произведувач на спортска опрема.

„Ер Џордан“ во текот на летото потпиша договор и со Зион Вилијамсон од 75 милиони долари, па брендот сега има две млади ѕвезди во свои редови.