Не престанува уништувањето на статуата на Ибрахимовиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на шведски Малме повторно го истурија бесот на статуата на Златан Ибрахимовиќ

Во Малме не можат да прифатат дека нивниот поранешен играч одлучи да стане косопственик во ривалот Хамарби.

Претходно навивачите на Малме ја уништуваа статуата посветена на поранешниот репрезентативец на Шведска, а сега страдаше “носот”.

Целиот куп е прекриен со сребро, иако беше со златна боја,а покрај тоа е откинат и ножниот прст.

Не е познато кој е сторител на ова злодело, но полицијата ќе се обиде да го најде сторителот.