Големо признание за Даниел Мојсов: Избран во тимот на деценијата на Војводина

Македонскиот интернационалец, Даниел Мојсов беше избран во тимот на деценијата на српскиот клуб Војводина.

Стоперот дресот на клубот од Нови Сад го носеше две години и тогаш беше еден од најдобрите играчи на клубот. Мојсов своевремено беше избран и во најдобриот тим на тогашната Јелен Супер лига во Србија, а за него Војводина бараше над еден милион евра.

Токму затоа Мојсов и не реализира голем трансфер иако за него тогаш се интересираа Црвена Звезда и Партизан, а имаше сериозен интерес и од неколку европски тимови.

Даниел Мојсов одигра вкупно 55 натпревари во дресот на Војводина на кои постигна четири погодоци, а покрај него од познатитеимиња во идеалниот тим се најдоа и ДушанТадиќ и Сергеј Милинковиќ- Савиќ кои исто така го носеа дресот на овој клуб.