Јунајтед би се борел за титулата во Премиерлига ако играше секој викенд со – најдобрите! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед би имал фантастична сезона доколку секој викенд игра против најдобрите клубови во Премиерлигата.

Екипата на Оле Гунар Солскјер е одлична против силните екипи, но катастрофално лоша против слабите противници, против кои загуби голем број бодови.

„Ѓаволите“ по 18 одиграни кола се на осмата позиција со шест победи, седум нерешени резултати и пет порази.

Кога би се гледала табелата на само првите осум премиерлигашки клубови, Јунајтед би бил втор со еден бод помалку од Ливерпул. Тоа е затоа што досега ги победија Челси (4-0), Манчестер сити (2-1), Лестер (1-0) и Тотенхем (2-1).

Сепак, Јунајтед не се натпреварува во моментов со Ливерпул за титулата затоа што има лоши резултати против екипите од средниот и долниот дел на табелата.