Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот напаѓач конечно го комплетираше трансферот во катарскиот, Ал Духаил и стави крај на шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата.
Манџукиќ по детири и пол години си замина од Јувентус од кого денес и емотивно се прости со порака на социјалнтие мрежи.
„Невозможно е да се собере прошталната порака по четири и пол години, но се надевам дека ја видовте мојата страст кон клубот и тимот во секој натпревар кој го одиграв за Јувентус. Благодарам на Алегри и Марота што ме сакаа во Торино, ми беше привилегија да играм за Јувентус, а минатите неколкумесеци нема да ја променат мојата почит кон клубот.
Сакам да се заблагодарам на сите соиграчи кои ги имав овие сезони, навистина уживав во секоја битка со вас. Нема да ги заборавам сите победи и трофеи, резултати, напорната работаи тимскиот дух.
Конечно, најголемо благодарам до прекрасните фанови кои се вистинска причина зошто клубот е толку голем и успешен. Навистина сум благодарен на поддршката која ми ја дававте од првиот ден. Ви посакавам се најдобро. Што се однесува до мене, време е за ново поглавје. Засекогаш ваш, Марио“ –напиша Манџукиќ.