Дете плачеше на колена и го молеше Калјехон да не замине од клубот (ВИДЕО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Хуан Калјехон го одигра последниот меч за екипата на Боливар од Боливија во ремито против Ројал Пари (2-2), во кој постигна и погодок, но по дуелот беше забележана емотивна сцена.

Млад навивач на Боливар не можеше да се соочи со фактот дека неговиот омилен фудбалер заминува од клубот, па падна на колена и го молеше да остане.

Ниту Калјехон не можеше да издржи така да го гледа момчето, па заплака заедно со него.