Бомба на Фабрицио Романо: Охриѓанецот Кулушевски на чекор до Јувентус


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Еден од најпознатите италијански новинари, Фабрицио Романо пренесува дека Дејан Кулушевски е пред трансфер во редовите на Јувентус.

Фудбалерот кој настапува за репрезентацијата на Шведска, но има потекло од Охрид во јануари ќе се пресели во Торино откако Аталанта и Јувентус нашле заеднички јазик за трансфер наиграчот.

Шампионот на Италија ќе плати 35 милиони евра на клубот од Бергамо, а во договорот ќе бидат вклучени и бонуси со кои трансферот може да стане и побогат.

Инаку, истиот новинар тврди дека Манчестер Јунајтед никогаш не ни бил заинтересиран за ангажман на Кулушевски.