Откриено кога Ибрахимовиќ ќе заигра повторно за Милан


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Искусниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена официјално потврди дека потпишал договор со Милан.

Ибра претходните две години ги помина во американската МЛС-лига, а откако му заврши договорот со Лос Анџелес Галакси, тој реши да се врати во Европа.

Иако има 38 години, сепак Ибрахимовиќ покажа дек аможе да игра на врвно ниво, па поради тоа Милан реши да го врати во своите редови.

Италијанските медиуми пишуваат дека Ибра во петок официјално ќе биде претставен пред навивачите, а наскоро ќе дебитира за Милан по вторпат во кариерата.

„Калчомеркато“ пишува дека Швеѓанецот ќе заигра на шести јануари против Сампдорија, но мечот ќе го почне од клупа.