Ибрахимовиќ во препознатлив стил: Нема да излезам на терен ако не дојдат 70.000 навивачи!


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ најверојатно за Милан ќе дебитира во мечот против Сампдорија кој се игра утре.

Иако има 38 години Ибра во Милан беше пречекан како спасител и „росонерите“ очекуваат многу работи од него до крајот на сезоната.

Нема дилема дека голем број навивачи на италијанскиот гигант ќе дојдат на „Сан Сиро“, а Ибра јасно порача дека нема да излезе на теренако нема барем 70.000 луѓе на трибините.

„Колку луѓе се очекуваат на стадионот? 60.000? Сакам да дојдат најмалку 70.000 или нема да излезам на теренот“, се пошегува Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната со можност соработката да ја продолжи на уште една година.