Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба вчера замина на операција на скочниот зглоб и добро се чувствува.
Погба на социјалните мрежи објави дека операцијата поминала добро и дека треба да се задржи позитивната енергија.
Французинот на кратко во декември се врати на терен по што се опорави од повредата на скочниот зглоб, од клупа влезе против Њукасл и Вотфорд, но повторно се повреди.
Одигра само осум натпревари оваа сезона.
Се очекува да паузира околу месец дена.
Британските медиуми шпекулираат дека Погба ќе замине од Олд Трафорд во јануарскиот преоден рок, но тренерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер минатиот месец изјави дека Погба останува во клубот.