Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид е сериозен во намерата да го продаде Герет Бејл, а веќе пристигнаа две понуди од американската МЛС-лига.
Шпански „АС“ пишува дека екипите на Интер Мајами и Лос Анџелес Галакси покажале интерес за репрезентативецот на Велс, па ќе му понудат услови кои нема да може да ги одбие.
Засега 30-годишниот Бејл е поблиску до екипата на Интер Мајами, но нема да биде изненадување ако на крајот се пресели во Лос Анџелес, зашто Галакси бара замена за Златан Ибрахимовиќ.
„АС“ тврди дека „кралевите“ се подготвени да преговараат со сите заинтересирани страни и лесно би можело да се случи во остатокот од сезоната да не го гледаме Бејл во дресот на Реал Мадрид.