Изненадно враќање на Ирвинг на терените во НБА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од двете sвезди на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, се враќа на терените многу порано отколку што се очекуваше.

Кајри веќе некое време има проблеми со повредата на рамото, и поради тоа е надвор од паркетот веќе неколку недели.

Не се очекуваше дека ќе се врати за брзо време, бидејќи се сметаше дека можеби ќе треба да се изврши операција, бидејќи неодамна призна дека во еден момент не може да ја крене раката од болка.

Сепак, по завршувањето на вчерашниот тренинг, тој се обрати до медиумите и го најави враќањето на паркетот.

“Ќе видиме како се чувствувам во следните неколку дена. Ќе направам неколку тренинга со полн интензинтет и после тоа ќе видиме како реагира рамото. Можеби ќе се вратам за помалку од една недела, но мислам дека ќе биде за седум дена”, вели плејмејкерот на Нетси.

Патем, Ирвинг има просек од 28,5 поени по натпревар, 5,4 скока и 7,2 асистенции оваа сезона.

После одиграни 36 одиграни натпревари, неговите Нетс се рангирани на 8-то место на Истокот со сооднос од 16 победи и 20 порази. Покрај Ирвинг, во екипата недостасува и првата sвезда Кевин Дурант, кој веројатно нема да се појави на паркетот до следната сезона.