Бруно Фернандеш многу блиску до Манчестер Јунајтед, позната сумата која ќе ја плати Јунајтед и играчот кој ќе се пресели во Спортинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Спортинг Лисабон нема да му прават проблеми на Бруно Фернандеш и ќе го пуштат да си оди во Манчестер Јунајтед оваа зима.

Претставниците на фудбалерот во Лондон го преговараат трансферот на нивниот клиент во Јунајтед, и веќе испратиле вести дека договорот е речиси постигнат.

Спортинг Лисабон го бара и Маркос Рохо како играч кој би бил вклучен во трансферот, а засега се преговара само неговата плата. Се очекува Манчестер Јунајтед да покрива дел од платата на Рохо и тој следните шест месеци да ги помине на заем во Спортинг Лисабон.