Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома и Интер постигнаа договор синоќа да ги заменат играчите Матео Политано и Леонардо Спиназола.
Миланскиот и римскиот клуб се согласија дека обајцата играчи имаат иста вредност, т.е. помеѓу 25 и 28 милиони евра.
Разликата ќе биде во платите. Политано ќе заработи околу 2 милиони евра по сезона во Рома, додека Спиназола очекува плата од 2,7 милиони во Интер.
И двајцата фудбалери денеска ќе бидат подложени на лекарски прегледи кои ќе бидат проследени со потписи на договорите.
Откако Николо Заниоло ја заврши сезоната во неделата навечер, Рома ја забрза работата и донесе офанзивецот Политано, додека на Нероазурите му беше потребен играч од типот на Спиназола.
Патем, Спиназола беше член на Јувентус минатата сезона, но луѓето во Интер очигледно не им пречи.