Ентони Џошуа доби нов противник, местото на борба ги изненади сите

Ентони Џошуа ќе ги брани појасите во тешка категорија против бугарскиот боксер Кубрат Пулев.

Бугарскиот боксер објави дека токму тој е ривалот на британскиот боксер и тоа во мај оваа година, а борбата би требало да се одржи во Истанбул на стадионот на Бешикташ.

За сега оваа вест ја објавија само бугарските медиуми, се чека потврда од кампот на светскиот шампион, а Пулев ја сподели информацијата на официјалната страна.

Пулев во кариерата има 29 борби. До сега загубил само една и тоа во 2014. година од Владимир Кличко.