Артета даде краток одговор на прашањето дали Арсенал ќе се засилува

Доаѓањето на Артета на клупата на Арсенал не донесе многу, па „топчиите“ никако не можат да почнат да победуваат.

Арсенал во моментов е на 10. место на табелата во Премиер лигата, а утре ќе гостува кај Челси во вонредното коло од англискиот шампионат.

На прес конференцијата пред натпреварот, Артета даде коментар на прашањето дали Арсенал ќе се засилува овој јануари.

„ Сите тимови имаат проблеми да врзат победа. Лигата е изедначена и затоа разликите не се толку големи. Пред нас има уште четири месеци и може да се случат уштемногу работи. Што се однесува до засилувањата, да, можно е да донесеме некого“ –изјави Артета.