Шпански третолигаш во проблеми: Им доаѓа Барселона, а крадци им ги украле билетите!

Фудбалерите на Барселона утре играат на гости против Ибица во рамки на шпанскиот Куп. Голема еуфорија владееше во редовите на шпанскиот третолигаш кога дознаа дека играат против Каталонците, а мечот се игра на стадион чиј капацитет е 4.500 влезници.

Меѓутоа, Ибица се најде во големи проблеми пред мечот затоа што билетите уште не се пуштени во продажба. Интересот е огромен, а навивачите беа во шок кога им порачаа дека сите карти биле украдени за мечот.

Непознати лица влегле во просториите на Ибица и ги украле сите влезници за мечот против Барселона. Продажбата беше одложена затоа што се печатат новите влезници, кои денеска треба да бидат пуштени во продажба.

Мечот меѓу Ибица и Барселона се игра утре од 19 часот и ќе биде интересно да се види дали домаќините ќе успеат да го решат проблемот со влезниците.