Дерик Роуз е цел на два НБА клуба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Детроит Пистонс Дерик Роуз цел на два НБА тима.

Роуз се сметаше за голем НБА кошаркарски талент и покажуваше врвни натпревари по неговото пристигнување во Чикаго Булс, но за жал повредите не му дозволуваа да стане најдобар кошаркар на светот.

Тој сега ја игра својата најдобра сезона уште од МВП сезоната и има добри шанси тој да го напушти Детроит до шести февруари, односно до крајот на трејд рокот, бидејќи два тима се сериозно заинтересиран за него.

Наводно Лос Анџелес Лејкерс се заинтересирани , кои со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ги имаат најголемите амбиции, но и Филаделфија 76ерс, кои исто така можат многу да направат доколку Роуз им се придружи. Ембиид, Симонс, Харис … сигурно имаат квалитет, а доаѓањето на Роуз би ги ставил во фаворитите, барем за во Источното финале.

Роуз има во просек од 18,4 поени и 5,8 скокови, а најголемите проблеми на позицијата плејмејкер имаат Лејкерс и 76ери, поради што сакаат да го доведат.