Мбапе избра четири фаворити за ЛШ – меѓу нив не е ПСЖ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе кажа дека планира да ја продолжи кариерата во ПСЖ, а зборуваше и за фаворитите за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Мбапе заедно со Нејмар се главни лидери на парижаните, но интересно е тоа што меѓу потенцијалните освојувачи на ЛШ не го спомена неговиот клуб ПСЖ.

„Оваа сезона Јувентус е меѓу фаворитите за освојување на натпреварувањето заедно со Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул. Со Кристијано Роналдо италијанскиот гигант е во добра позиција за освојување на трофејот“, кажа Мбапе.

Иако има 21 година Мбапе во ЛШ веќе постигна 19 голови, а пет од нив се сезонава, додека во елитното натпреварување има вкупно 30 настапи.