Сагосен: Против Хрватска одиме како во војна или ќе победиме или ќе не снема


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во петок не очекуваат полуфиналните натпревари од Европското првенство за ракометари.

Во првиот меч се сретнуваат Хрватска и Норвешка, а во вториот Шпанија ќе ги одмери силите со Словенија. Мечот помеѓу Хрватска и Норвешка требаше да започне од 20:30 часот, но ЕХФ им излезе во пресрет на Норвежаните и мечот ќе започне од 18 часот, додека Шпанија и Словенија ќе играат од 20:30.

По пласманот во полуфиналето се огласи и најдобриот норвешки ракометар Сандер Сагосен кој е фантастичен во досегашниот дел од Европското првенство.

Сагосен е прв стрелец со 51 гол и сигурно ќе биде најголема опасност по голот на Хрватите. Тој пред мечот изјави дека Норвешка ќе го даде максимумот, односно дека овој меч го гледаат како вистинска војна.

“Одлично е што одморив. Мечот против Словенија покажа дека имаме ширина во составот. Со Хрватска ќе биде војна сите 60 минути. Ќе биде тешко, но спремни сме на тоа. Ова првенство ужуваме и знаеме дека мора да победиме или ќе не снема. Одиме на победа”, рекол Сагосен.