Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
29 годишниот нигериски репрезентативец, Виктор Мозес и официјално стана најново засилување на Интер.
Антонио Конте притискал за ангажман на фудбалерот со кого имаа одлична соработка во Челси, па токму затоа Мозес е донесен на позајмица до крајот на сезоната, а Интер ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор.
„Да се има можност да се работи со тренерот повторно е нешто кое ме прави многу среќен. Зборував со него и тој ми го објасни клупскиот проект. Сакам да бидам дел од тоа и среќен сум што сум овде“ –изјави Виктор Мозес.