Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралија Опен остана без еден од кандидатите за конечна победа во овој турнир. Вавринка во четвртото коло со 3-2 го победи Медведев.
Вавринка одигра одличен прв сет. Го доби со 6-2, додека Медведев возврати во наредните два. Со идентичен резултат како во првиот сет, вториот го реши во своја корист, додека во третиот му беше доволен еден брејк за 6-4 и пресврт.
Се чинеше дека Русинот тогаш успеа да го „скрши“ Вавринка, но Швајцарецот не се предаде. Четвртиот сет отиде во тај брејк и во своја корист го реши побединкот на Австралија Опен од 2014. година со 7-2.
Губењето на четвртиот сет значајно се одрази на Медведев. Вавринка во одлучувачкиот сет направи два брејка и тоа во првиот и седмиот гејм. Рускиот тенисер во четвртиот гејм можеше да возврати со ребрејк, но пропушти две топки. Петиот сет го доби Вавринка со 6-2.
Нешто порано пласман во четвртфиналето избори Доминик Тием. Австријскиот тенисер со сигурни 3-0 го исфрли Гаел Монфис. Во гемови заврши 6-2, 6-4. 6-4.