Хамес Родригез посакуван од два премиерлигашки клубови


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот „Дејли Мејл“ пренесува дека играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез е трансфер желба на два премиерлигашки клубови.

Колумбиецот чија кариера фати надолна патека е посакуван од Арсенал и Евертон кои се надеваат дека ќе ја вратат формата на Хамес.

И „топчиите“ и  „карамелите“ го посакуваат Хамес на позајмица до крајот на оваа сезона со можност за цeлосен откуп на неговиот договор за сума од 34 милиони фунти.