Англија и Јунајтед не мора да се грижат за иднината – Рашфорд “полуде“ на дебито за младите!

Какво деби за младиот англиски репрезентативец.

Маркус Рашфорд досега немаше шанса да дебитира за младата селекција поради тоа што во тимот на Манчестер Јунајтед експлодираше дури во оваа пролет и одма следеше повик за ЕВРО 2016.

Рашфорд денеска во мечот со Норвешка дебитираше за У21, прво постигна погодок во 29 минута за 1:0, а со погодоците во второто полувреме, во 66 и 72 минута од пенал придонесе за убедлив триум од 6:1.

Погледнете ги неговите мајстории, а посебно е убав втрориот погодок како во стил на Тиери Енри.

https://www.youtube.com/watch?v=CNqqwTMdngc