Барселона во последен момент се обидува да го украде Фернандеш од Манчестер Јунајтед

„Скај Спортс“ пренесува дека од Барселона се подготвени да влезат во преговори со Спортинг Лисабон за услугите на Бруно Фернандеш.

Наводно Барселона е подготвена да му понуди договор на португалскиот фудбалер до 2025 година, но би го зела во своите редови од следната сезона.

Каталонците би го откупиле неговиот договор од Спортинг и веднаш би го пратиле на позајмица во Валенсија каде би ги поминал следните шест месеци.

Сепак, Манчестер Јунајтед се уште останува фаворит за услугите на Бруно Фернандеш.