Пред неколку месеци го продолжи договорот со Барселона, а сега договори трансфер вреден 13 милиони евра


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Многумина очекуваа дека Карлес Перез ќе остане долг период во Барселона откако пред неколку месеци се согласи да го продолжи договорот со шпанскиот тим.

Сепак, доаѓањето на Кике Сетиен значеше дека младиот фудбалер нема да добива голема шанса, па веднаш му беше пренесено да си бара нова средина.

Карлес Перез наводно го договорил трансферот во редовите на Рома, а италијанскиот клуб за услугите на младиот фудбалер ќе треба да и плати на Барселона 13 милиони евра.

Каталонскиот клуб нема да има опција за да си го врати назад играчот, но доколку Рома се одлучи да го продаде, Барселона ќе може прва да го купи играчот.