„Коби Брајант беше ликвидиран, не верувајте на никој!“ (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Коби Брајант пред неколку дена го загуби животот во хеликоптерската несреќа во Калифорнија, а заедно со него починаа и неговата 13-годишна ќерка Џина Марија и уште седум лица, но навистина е болно да се гледа како некои луѓе се обидуваат да станат славни и да заработат на загубата на прославениот американски кошаркар.

Еден корисник на социјалните мрежи, Силенто објави дека Коби не починал во хеликоптерска несреќа, туку тој бил ликвидиран, што се тешки обвинувања и тврдења.

Контроверзниот твит беше критикуван од страна на многу други корисници, кои го обвинија Силенто дека се обидува само да стане познат на Твитер, по што тој реши да го избрише твитот.

„Коби Брајант беше планирано у*иен. Исто како што пробаа да ми направат на мене. Јас успеав да ја избегнам замката, не верувајте на никого, ова е голема валкана индустрија“, напиша Силенто.