Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант почина со неговата ќерка и уште седум лица во хеликоптерски пад во Калифорнија пред неколку дена.
Потенцијален проблем би можел да се создаде при организирање на погребот на кошаркарот, зашто срцето на градот на Лос Анџелес има 3,5 милиони луѓе, додека цела населена област околу 17,5 милиони, па поради тоа се очекуваат многу луѓе на комеморацијата.
Главното прашање кое ги интересира фановите е кога ќе се одржи погребот на славниот кошаркар, но засега таква информација нема, односно на интернет не се појави ниту еден детал со кој се потврдува датумот на збогувањето со Коби.
Медиумите пишуваат дека треба да се одржат серија состаноци претходно за да се утврдат некои детали, а тоа сигурно нема да се случи толку брзо.