Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На врвот ништо ново. Така покажаа податоците кои ги собра страницата StadiumDB.com за гледаноста на клубовите во Европа.
И понатака најмногу гледачи на својот стадион има Борусија од Дортмунд кој во минатата сезона просечно ја гледаа 81 178 гледачи, 715 повеќе отколку во претходната година.
Реал во минатата сезона доживеа пад на гледаност и со ХСВ, се единствени членови кои паднаа во поредокот во однос на минатата сезона.
Топ 20 најгледани клубови во минатата сезона:
- Борусија Дортмунд 81.178 гледачи
- Барселона 78 881
- Манчестер Јунајтед 75 279
- Баерн 75 000
- Реал Мадрид 69 736
- Шалке 61 386
- Арсенал 59 944
- Манчестер Сити 54 041
- ХСВ 53 700
- Штутгарт 51 983
- Борусија Мехенгладбах 61 715
- Бенфика
- Њукасл 49 754
- Херта 49 704
- Ајакс 49 206
- Келн 48 676
- Фејенорд 47 324
- Ајнтрахт Франфурт 46 676
- ПСЖ 46 150
- Интер 45 538
Што се однесува до клубовите на кои најмногу порасна гледаноста, тука припаѓа Глазгов Ренџерс кој во втората шкотска лига просечно ги следеа 45 538, дури 12 527 повеќе отколку кога беа третолигаши.
Ренџерси во минатата сезона по прегледност го поминаа и Селтик, а се очекува во оваа сезона бројките уште поеќе да ги надминат во шкотската Премиер лига.
На самиот врв се наоѓаат уште два клуба кои изборија промоција (Магдебург и Ленс), но тогаш следат интересни имиња како Манчестер Сити, Фенербахче и Интер.
Топ 20 клубови со најголем пораст на гледаност:
- Глазгов Ренџерс +12 527 гледачи
- Магденбург + 9 817
- Ленс +9 188
- Манчестер Сити + 8 676
- Фенербахче + 8 650
- Интер + 8 166
- Хапоел Бер Шева + 8 092
- Бенфика + 7 752
- Спортинг Лисабон 7 726
- Удинезе +7 630
- Ројал Антверпен + 7 105
- Наполи +6 883
- Бетис + 6 171
- Де Фрафшап + 5 913
- Лас Палмас + 5891
- Болоња + 5 770
- Лион + 5 201
- Мидлзборо +5065
- Хамбарси +5056
- Легија Варшава +5 003