Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ол-Стар викендот во НБА лигата ќе се одржи во Чикаго од 14. до 16. февруари, а раководството воведе нов формат.
Екипите ќе играат за победа по првите три четвртина кои вообичаено ќе траат по 12 минути. На стартот на последната четвртина ќе се појави „FinalTargetScore“. Тогаш ќе се соберат поените од првите три четвртини од подобориот и ќе се додадат 24 поени во чест на Коби Брајант.
Откако ќе се одреди „FinalTargetScore“ екипите ќе ја играат третата четвртина без време. Победник ќе биде оној тим кој ќе го достигне „FinalTargetScore“.
Еве еден пример: Ако после првите три четвртина резултатот гласи 100:105, 24 поени ќе добие гостинот поради водството и „FinalTargetScore“ ќе биде 129, ќе победи екипата која прва ќе стигне до овој број на поени.
Инаку, натпреварот ќе има и хуманитарен карактер. Победникот од секоја од трите четвртина ќе добива по 100.000 долари кои ќе ги донираат во хуманитарни организации. Покрај тоа победникот во целиот натпревар ќе добие 200.000 долари исто така и тие ќе бидат донирани.