Оле се сретнал со првите лица на клубот, до крајот на денот ќе чека напаѓач и ќе бира меѓу две опции


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер имал состанок со луѓето од управата на клубот во текот на денешниот ден.

Норвежанецот барал да биде донесен напаѓач, а од клубот му порачале дека ќе сторат се за да ангажираат ново име до крајот на преодниот рок.

Засега само две имиња фигурираат како можна опција за „ѓаволите“ и тоа се Одион Игало и Џошуа Кинг.

Кинг е посакувана опција за Оле Гунар Солскјер затоа што добро е запознат со квалитетите на фудбалерот кој одигра и два официјални натпревари за Манчестер Јунајтед, а во академијата на клубот играше под водство на неговиот сонародник Солскјер.